Македонските превозници добија 200 дополнителни дозволи за превоз на стоки за Словенија. За 2011 година бројот на дозволите што ќе се разменат е 1.000, а од 2012 година треба целосно да се либерализира превозот, односно да се врши без дозволи. Како што информират од Министерството за транпорт и врски ова е договорено на состанокот на мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стоки меѓу Македонија и Словенија на кој е потпишан и Проколот за транспортните дозволи. Од ресорното министерство наведуваат дека дозволите ќе важат за превоз во двете насоки, наместо досега само во една насока. Со 1.000 дозволи за 2011 година се обезбедува седумкратно поголем контингент од досегашниот, односно македонските превозници ќе имаат седум пати повеќе дозволи за користење со променетиот режим за важење на дозволите во двете насоки. Со тоа е надминат досегашниот проблем на превозниците и недостатокот на овие дозволи.
Македонските превозници добија 200 дополнителни дозволи за превоз на стоки за Словенија.
За 2011 година бројот на дозволите што ќе се разменат е 1.000, а од 2012 година треба целосно да се либерализира превозот, односно да се врши без дозволи.
Како што информират од Министерството за транпорт и врски ова е договорено на состанокот на мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стоки меѓу Македонија и Словенија на кој е потпишан и Проколот за транспортните дозволи. Од ресорното министерство наведуваат дека дозволите ќе важат за превоз во двете насоки, наместо досега само во една насока.
- Со 1.000 дозволи за 2011 година се обезбедува седумкратно поголем контингент од досегашниот, односно македонските превозници ќе имаат седум пати повеќе дозволи за користење со променетиот режим за важење на дозволите во двете насоки. Со тоа е надминат досегашниот проблем на превозниците и недостатокот на овие дозволи.
На средбата е усогласен и нов нацрт-текст на спогодба со кој се предвидува целосна либерализација на превозот на стоки, односно превозот да се извршува без режим на дозволи. Истовремено договорено е нацрт-текстот помеѓу двете делегации да биде парафиран во првиот квартал од 2011 година, а министрите за транспорт на двете земји да ја потпишат спогодбата во средината на 2011 година.
- Така се очекува од почетокот на 2012 година да имаме целосно либерален режим на превоз на стоки без дозволи помеѓу РМ и Р.Словенија - потврдуваат од Министерството. Тие укажуваат дека континуирано се одржуваат состаноци на мешовитите комисии за меѓународен патен сообраќај со земјите со кои остваруваме економска размена со цел дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот.
- До крајот на оваа година е предвидено да се одржи работен состанок со претставници од ресорното министерство од Република Чешка, каде за првпат ќе биде усогласена нацрт-спогодба за меѓународен превоз, а со Република Австрија ќе се потпише протокол за актуелните односи во меѓународниот превоз на стока - велат од Министерството за транспорт.